Прелепа Церков

/, Блесок бр. 26/Прелепа Церков

Прелепа Церков

Прелепа Церков
Зрак
Виор
Пофална песна за првото почовекување господово

Од страшна, од скрита, од небеска јарост,
од земја кога се напиња и пука;
по налог проста на отсутна стварност
не иде ненадејно. Тој е – тука:

под мовта влегол на првата пупка,
во првото бледо листенце на ружа;
тоа е она што почнало да тупка:
во душата е душа на сласт и ужас.

На таков, на тивок виор да бидеш плен,
на таква, на кротка полет без јасна цел
(а кога и ноќта е најведриот ден)

те сили темна жедост, окрвавен зрак:
се што си љубел, тебе, тој се ти зел,
а сега, просто, ти вели: „тука сум пак!“

2018-08-21T17:21:49+00:00 мај 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 26|