Поезија – Влада Урошевиќ

/, Литература, Блесок бр. 153/Поезија – Влада Урошевиќ

Поезија – Влада Урошевиќ

ШТО САКАЛ ПОЕТОТ ДА РЕЧЕ СО ОВАА ПЕСНА
ЕДЕН ДРУГ ГРАД
ЈУЖНА ЅВЕЗДА
МАРК ШАГАЛ
ЖОЛТА КУЌА СРЕДЕ ПОЛЕ
ТАЈНАТА НА СОНУВАЧИТЕ
ПРЕЛАЖНИ ПЕЈЗАЖИ
ЧУДОВИШТА
СЛОБОДА
ОЗБОРУВАЊА
ПЕПЕРУГИ
ПОПЛАДНЕВНО КАПЕЊЕ В МОРЕ
ЛЕКСИКОНИ ОД ДЕТСТВОТО
БИБЛИОТЕКА II
АБЛАНАТАНАЛБА


СЛОБОДА

Птица со пет крила што лета над измислена земја
Дрво што патува незадоволно со сите полиња
што му ги нудат
Вода што се искачува кон својот извор
решена да оди уште понатаму
Риба на која ѝ здодеало молчењето
и која го учи говорот на статуите
Планина што се откажува од својата тежина
наспроти поговорките наспроти сфаќањето на нужноста
Пеперуга која сфаќа дека токму со надминувањето на нужноста
се доаѓа до слободата
и затоа ги спалува своите крила врз пламенот на свеќата
Растворлив споменик кој и покрај тоа е изложен на дождот
Ноќ која сака да има најмалку пет сонца во својата соба
Цвет кој се откажува од плодот
Поет кој се откажува од зборовите
но сака да го сочува обликот на песната
Космонаут кој излегува од бродот и зачекорува во ништо
Камен кој фрлен високо не сака да падне одново на земјата

АвторВлада Урошевиќ
2024-05-12T11:54:54+00:00 мај 12th, 2024|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 153|