Нови песни

Нови песни

Толку се зближив со својата осама
Има едно дете
Цел живот, откако знам за себе
Од каде сега оваа шуплина
Слана ми ги попари мислите

Има едно дете
сосема мал човек
кое непрестајно скита
долж една река
ги настапува камењата
да не се намокри
се пика низ врбови гранки
се ѕвери во карпите на брегот
и се катери по нив
пие вода од кладенците
се загледува во жабите
со темни грбови и жолт стомак
тоа дете не мисли
само скита, гледа околу
и го живее своето детство
не може ни да замисли
дека и кога ќе порасне
сè ќе биде исто
скитање, гледање, вода,
само мислите се подруги
а животот понејасен
Има едно дете
сосема мал човек
кое непрестајно скита
во мене

2018-08-21T17:21:21+00:00 февруари 20th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 52|