Не се мешам во животите на моите соседи

/, Блесок бр. 86/Не се мешам во животите на моите соседи

Не се мешам во животите на моите соседи

Душата е Африка
1948
Крушите чекорат наназад
Антарктик
Плафонот одлета
Денеска
ЗаменА
Домашни билки

Ако прво пред мене ја ставиш својата тупаница, железна ракавица,
од неа ќе направам љубов.
Кога телото се исполнува со нараснувачки балончиња
а земјата ја поттикнува способноста да стоиш исправен,
јас ќе направам лилјани во каменот.

Некои животот без коски го нарекуваат хендикеп, но секогаш постои мечта
Сега, без иднина, јадам
ладен оброк директно од срцевиот сад.

Времето ми се приближува како мало животно
барајќи заштита во пареата која се крева од мразот.

Го посакувам овој студен живот небаре сум мртва.
Гледај, ракавицата пред мене ќе остане ракавица, железна тупаница,
дури и јајце. Сè овде се смрзнува во своите граници.

АвторНурит Зархи
2018-08-21T17:20:52+00:00 ноември 6th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 86|