Космополис

Космополис

Космополис за Јосип Ости, Сараево – Љубљана
Безгранична соба
На ретките пријатели
Морска верност
Очевидец во градината
Последен излез
Колумбо
Отрезнување

Сакам да одам гологлав и јазикот да го пружам, ведрината
на волната глина ме интересира, го почитувам и
законот, колку што воопшто можам да го разберам,
го примам како пеење, како танц поретко, но секогаш
како празник. Откако ми ја покажа тесната патека
до прибежиштето, мојата надеж е сè поголема.
Дај ми верност, која не е природна,
дај ми облици на материјата, да се огласам
со пекав детски глас и како блесок
од блиц да ја пробијам секоја кома, секој чад
и магла од трева. Направи исклучок, милост
дај ми, да не бидам како другите, спружен
попусто кон небото, попрво надолу би растел,
во растреперната почва: нека длаби бесконечно
и истрајно, таа чудесна сила, која се разлева
незабележително низ сите капилари и ме тера
навистина лесно примерно да ти служам, да те лижам,
нежно, нужно и алчно, како мека
смола од аџилаците на опиумските полиња,
те лижам како доказ, ако сè уште ти треба,
дека не си сама кога те поплавува и те удира
право во средиштето: само еден свет постои
и јас го чувам без никакво каење.

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|