Космополис

Космополис

Космополис за Јосип Ости, Сараево – Љубљана
Безгранична соба
На ретките пријатели
Морска верност
Очевидец во градината
Последен излез
Колумбо
Отрезнување

Ако е вистина дека луѓето залудно се довикуваат од самотија
во самотија, сакам овде, пред илјадници погледи
од млади души, кои молчат тапо како кипови,
да се загледам за последен пат во цветот, можеби
чувствителна булка, шафран или гордо лале,
или некој таков кој само три часа цути:
сеедно. Само би сакал да потврдам дека светот не ќе е потполн,
ако ти недостасува мојата близина. Затоа би сакал
едноставно да те земам в раце, да ти го притиснам стеблото,
да те одмерам на рака и да те згмечам во дланките и веднаш
и самиот да паднам и сок да станам, кој тече во она
што порано не постоело, би сакал од воздухот
исполнет со влажна миризба, до мила волја
да се надишам и јас, би сакал да ти искапам меѓу косата
и низ корењата и низ здрвените цевчиња
сè до латиците да патувам, би сакал да се заколнам
на врвот како проѕирна капка утро,
би ја исповедал вербата во вертикалата,
вртоглаво би нараснал, без споредби,
и лавината крв, која ќе ја почувствувам во прстите,
сета сила ќе ми ја земе и прошка ќе ми даде,
кога ќе се исцедам во споменот, кој на твоето
име секогаш му приоѓа со бранови радост.

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|