Космополис

Космополис

Космополис за Јосип Ости, Сараево – Љубљана
Безгранична соба
На ретките пријатели
Морска верност
Очевидец во градината
Последен излез
Колумбо
Отрезнување

Да, им припаѓам на оние кои некогаш ги привлекувала дражта
на крвавењето: на дивечот кој од утописките призори
во стварноста влетува и ловецот го обележува: На луѓето
кои ги одредува староста на злосторот на земјата и во немирниот сон.

Не велам дека повеќе не ме интересира бучавата на подземната река,
низ која толку пати отаде сум пловел. Тоа не. Но раната,
која ме осудуваше на самотија на господар, сега го смени
обликот. Порано бев еден, сега сум веќе племе. И

тегобата на чунот, кој се оддалечува од брегот, ме вдахнува само уште
во стаклото на огледалото. Се гледам себе само во трепетот
на дробното тело, кое го обликувала слатката збрка на моите копнежи.

Понизно ја воспевам таа радост: ми даде да го запознам крајот
кај што ќе запрам ако ја заслужам благодатта. Му служам на здивот кој
мириса на млеко. Ноќе бдеам, за денот да може повистинито да болсне.

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|