Виртуелен парк

/, Блесок бр. 44/Виртуелен парк

Виртуелен парк

Пријателот
Виртуелен парк
Премногу болно е тоа за мене
Линијата е закон
Тешка одлука
Среќен ден
Темјанушка
Девојката од билбордот
Си се запрашал ли некогаш зошто?! Преостанато време 0.01 сек.

Кога подобро ќе размисли човек, тоа и не е така
лоша идеја. Една иста игра која се повторува,
со познати, здодевни правила. Си била ли
во тој театар каде сите играат некоја туѓа улога.

Поминуваме под мојот балкон, ти ги кажуваш
латинските имиња на цвеќињата што мајка ми
ги одгледува – и така започнува сè >>>
наеднаш предлагам да побегнеме со воз до Велес,

Ти ја подаваш главата низ прозорецот,
Ветерот ја вее твојата коса, седиш навалена
на моето рамо, возот бавно напредува,
пругата се извива како црна змија,

го почувствував тоа во воздухот
скитаме по непознати улици, ги гледаме книгите
од излозите на книжарниците пожолтени од сонцето
(можеби и јас предолго бев на сонце)

Ова може да биде бескраен ден ако сакаш,
но утредента ќе те продадам на мојот најдобар другар
и потоа пак ќе те земам назад, сè додека не се стемни
Би сакал еден ден да ја слушнеш мојата исповед.

*Viola tricolor – рано цвета,
доста е отпорна на мраз и жештини

2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|