Виртуелен парк

/, Блесок бр. 44/Виртуелен парк

Виртуелен парк

Пријателот
Виртуелен парк
Премногу болно е тоа за мене
Линијата е закон
Тешка одлука
Среќен ден
Темјанушка
Девојката од билбордот
Си се запрашал ли некогаш зошто?! Преостанато време 0.01 сек.

Ајде сега да одиме во нашиот виртуелен парк
Дишете
Дишете
Свежи молекули кислород под дебелите сенки
на големите дрвја
воздухот е кристално чист како после летна бура
сами сме таму
без пензионери амортизирани од времето, наркомани, манијаци,
осамени девојки
со евтини викенд романчиња во рацете
без полицаецот
на Сергеј Главјук кој чека
да наплати сметка за струја и вода

Љубовта менува сè – само засили ја музиката
паѓаат звуци од небото
крикови на птици преселници
децата силно ја фрлаат топката во воздухот
и така ја откриваат тајната на гравитацијата

Еј ти си луд
Да, јас сум од другата страна на компјутерот
Всушност овде имам неколку компјутери
сè е виртуелно
и повеќедимензионално
и овој разговор е виртуелен

Здраво, како си!? Мило ми е што те гледам!
И мене ми е необично драго!?

Извини, што ќе те прашам, но од кај се знаеме.
Да ме убиеш, но не може да ми текне.
И јас имам чувство дека од некаде се знаеме.

Влегувањето во тунел е еднаков на пенетрација
јавањето велосипед исто така

ајде малку психодинамизам

секогаш зборуваше за утрешниот ден
и незавршените обврски
да ти се крене косата на главата
мојата песна губи од острината опишувајќи ги
нејзините глупости
но и тоа е подобро отколку
да пишувам за војната,
последна во која се почитуваа противниците

2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|