Виртуелен парк

/, Блесок бр. 44/Виртуелен парк

Виртуелен парк

Пријателот
Виртуелен парк
Премногу болно е тоа за мене
Линијата е закон
Тешка одлука
Среќен ден
Темјанушка
Девојката од билбордот
Си се запрашал ли некогаш зошто?! Преостанато време 0.01 сек.

Знам преку глава ти е, мој месечев цвету,
од погледи, додворувања, предлози, понуди,
евтини разговори, но јас немам време
за тактизирање и промашени теми на вечерта

додека ја чекам твојата простопроширена реченица
„Сонцето сјае, кравата пасе на зелената ливада“
денот е краток – денот преминува во ноќ
Хитлер убиваше за простопроширена реченица

Тешко е да се биде ѕвер, уште потешко неѕвер
Неколку куршуми во таванот нема да сменат ништо
Бори се за мене, испливај на површината
биди побрза од времето, направи строга селекција

играј симултанка со своите мисли,
совладај го незадоволството, прикриј ја самотијата.
Ми се допаѓа кога ме трпиш вака некултурен,
но ќе мора да побараш некој друг со повеќе нерви.

2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|