Виртуелен парк

/, Блесок бр. 44/Виртуелен парк

Виртуелен парк

Пријателот
Виртуелен парк
Премногу болно е тоа за мене
Линијата е закон
Тешка одлука
Среќен ден
Темјанушка
Девојката од билбордот
Си се запрашал ли некогаш зошто?! Преостанато време 0.01 сек.

Имаше мисли во мојата глава
кои засекогаш останаа незапишани.
Како на пример првата исповест:
Свирепото убиство на стотина мравки.

Станувам полесен, речиси бестелесен.
Рака на моето рамо и длабок глас:
„Врати се, рано е за тебе да одиш таму“.
Сонот сега е едно затворање
и отворање на клепките. Сон без слики.

Типот имаше психолошки профил на идиот.
Ја имаше тајмирано партијата на 1.00 минута.
Не верувам дека имаше слушнато
за конкретно мислење, апстрактно мислење,
какво било мислење. Најмалку креативно мислење.

Остро го нападнав, неговиот крал
почна безглаво да бега по шаховската табла,
но успеав да го приклештам во претпоследната
секунда. Фигурите стоеја како смрзнати.
Кралот опколен и беспомошен во аголот
на таблата. Преостанато време 0.01 сек.

2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|