Виртуелен парк

/, Блесок бр. 44/Виртуелен парк

Виртуелен парк

Пријателот
Виртуелен парк
Премногу болно е тоа за мене
Линијата е закон
Тешка одлука
Среќен ден
Темјанушка
Девојката од билбордот
Си се запрашал ли некогаш зошто?! Преостанато време 0.01 сек.

Во лифтот запознавам еден Јеховин сведок
и еве веќе сме на кафе со неговиот постар колега
во ресторанчето на приземјето од зградата.
Отсекогаш ме интересирале и сум ги почитувал
луѓето кои го посветиле животот на Бога.
Едниот од нив (попаметниот) веднаш се обидува
да ја наметне темата за авторитетот.
Човек по кој треба да се раководиме.
Подоцна дознавам дека многу рано останал
без татко и дека корените му се некаде од Босна.
„Мене ме интересира да бидат решени
моите проблеми“ – остро го прекинувам,
а авторитетот го создаваат парите, моќта,
еве и вашите костуми.
Зборуваат за потребата од духовност, неколку
лебдечки фрази, хипотези, реторички прашања
апокалиптични визии за последните времиња
– колку човекот може да владее со себе,
за неопходноста 24 часа да се биде во врска со Бога.
– За жал, не сме совршени – констатирам.
What are you doing for a living?! – ги прашувам.
– Доброволни прилози, изучување и толкување
на Библијата – ми одговара попаметниот
и ја вади Библијата на масата ставајќи ги очилата
со тенки рамки на неа. Во кратки црти
им објаснувам како е кај нас во православието.
Литургијата, постот, молитвата,
духовното раководство. Шест милијарди луѓе
и сите подеднакво му се драги на Бога.
Остануваме до доцна, срдечно поздравувајќи се.
И потоа долго зјапам во таванот на собата
мислејќи на времето кога веднаш заспивав.

2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|