Виртуелен парк

/, Блесок бр. 44/Виртуелен парк

Виртуелен парк

Пријателот
Виртуелен парк
Премногу болно е тоа за мене
Линијата е закон
Тешка одлука
Среќен ден
Темјанушка
Девојката од билбордот
Си се запрашал ли некогаш зошто?! Преостанато време 0.01 сек.

Со саати пишувам во интернет клубот
на приземјето од мојата зграда. На некој начин
тоа ме исполнува. Ме прави доволен сам на себе.
Не мора со месеци да чекам да се јават
некои од моите лажни пријатели.

Пишувам до последната пара.
– Колку сум должен?! – Повелете… Пријатно.
Понекогаш се појавуваат чудни слики од интернетот.
Casino on line. Black jack. Poker. Rоulette. Sex.com.
Смртта затскриена под темна наметка.

Се враќам веднаш само да облечам
костум и ставам нова вратоврска.

Некаде, некогаш и ти ќе бидеш среќна.
Без мене. Сеедно. Долго време губев сила
сакајќи те бескрајно, безрезервно. Губејќи се себе.
Но сега веќе не можам. Премногу болно е тоа за мене.

2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|