Би биле среќни да ме видат мртов

/, Блесок бр. 54/Би биле среќни да ме видат мртов

Би биле среќни да ме видат мртов

Обраќање до СВП 2007
Би биле среќни да ме видат мртов
Доаѓам оттаму
Рита и пушката
Псалм 3
Псалм 9

На денот кога зборовите
ми беа земја…
им бев пријател на стрништата.

На денот кога зборовите
ми беа гнев
им бев пријател на прангите.

На денот кога зборовите
ми беа камен
им бев пријател на потоците.

На денот кога зборовите
ми беа побуна
им бев пријател на земјотресите.

На денот кога зборовите
ми беа горки јаболки
му бев пријател на оптимистот.

Но кога зборовите
ми станаа мед…
муви ми ги прекрија
усните!…

АвторМахмуд Дарвиш
2018-08-21T17:21:18+00:00 јуни 19th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 54|