Би биле среќни да ме видат мртов

/, Блесок бр. 54/Би биле среќни да ме видат мртов

Би биле среќни да ме видат мртов

Обраќање до СВП 2007
Би биле среќни да ме видат мртов
Доаѓам оттаму
Рита и пушката
Псалм 3
Псалм 9

Доаѓам оттаму и имам спомени
што се раѓаат како смртници, имам мајка
и куќа со многу прозорци,
имам браќа, пријатели
и затворска ќелија со студено окно.
Мој е бранот, украден од галебите,
си имам свој видик
и еден страк трева отповеќе.
Моја е и месечината на крајот од зборовите
и мноштвото птици
и бесмртната маслинка.
Одев по оваа земја пред мечовите
да ѝ го претворат живото тело во тешка мрша.

Доаѓам оттаму. Ѝ го предавам небото на мајка ѝ.
Небото плаче по мајка ѝ.
И јас плачам за да ме запознае
облакот што се враќа.
Ги научив сите зборови вредни во дворот на крвта
за да ја скршам власта.
Ги научив сите зборови и потем пуздер ги сторив
за да создадам сал еден збор: Дом…

АвторМахмуд Дарвиш
2018-08-21T17:21:18+00:00 јуни 19th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 54|