Би биле среќни да ме видат мртов

/, Блесок бр. 54/Би биле среќни да ме видат мртов

Би биле среќни да ме видат мртов

Обраќање до СВП 2007
Би биле среќни да ме видат мртов
Доаѓам оттаму
Рита и пушката
Псалм 3
Псалм 9

Би биле среќни да ме видат мртов, па велат: Нам ни припаѓа. Наш е.
Цели дваесет години им ги слушам чекорите во ѕидовите од ноќта.
Не отвораат никакви врати, но тука се. Гледам тројца од нив:
Поет, убиец, и читател.
Ќе се напиете ли вино
? ги прашав.
Полека малку
, ми одговорија.
Ги наредија чашите и почнаа да пеат за народот,
ги прашав: Кога ќе го започнете атентатот врз мене?
Веќе го завршивме
, рекоа… Но зошто ги испрати чевлите пред душата?
За да скитаат по лицето на земјата
, одговорив.
Земјата е пакосно мрачна, зошто твојата песна е толку јасна
?
Бидејќи срцево ми е заплиснато од триесет мориња
, реков.
Ме прашаа: Каква смрт сакаш?
Сина, како ѕвезди што трепкаат во прозорецот – уште малку вино
?
Да, ќе се напиеме
, рекоа.
Ве молам, полека. Сакам да ме убиете бавно за да ја напишам последната песна за сопругата на моето срце
. Се насмеаја и ми ги зедоа
само зборовите посветени на сопругата на моето срце.

АвторМахмуд Дарвиш
2018-08-21T17:21:18+00:00 јуни 19th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 54|