Би биле среќни да ме видат мртов, па велат: Нам ни припаѓа. Наш е.
Цели дваесет години им ги слушам чекорите во ѕидовите од ноќта.
Не отвораат никакви врати, но тука се. Гледам тројца од нив:
Поет, убиец, и читател.
Ќе се напиете ли вино? ги прашав.
Полека малку, ми одговорија.
Ги наредија чашите и почнаа да пеат за народот,
ги прашав: Кога ќе го започнете атентатот врз мене?
Веќе го завршивме, рекоа… Но зошто ги испрати чевлите пред душата?
За да скитаат по лицето на земјата, одговорив.
Земјата е пакосно мрачна, зошто твојата песна е толку јасна?
Бидејќи срцево ми е заплиснато од триесет мориња, реков.
Ме прашаа: Каква смрт сакаш?
Сина, како ѕвезди што трепкаат во прозорецот – уште малку вино?
Да, ќе се напиеме, рекоа.
Ве молам, полека. Сакам да ме убиете бавно за да ја напишам последната песна за сопругата на моето срце. Се насмеаја и ми ги зедоа
само зборовите посветени на сопругата на моето срце.
Би биле среќни да ме видат мртов
АвторМахмуд Дарвиш