РАБОТНИЧКАТА СО ИСТРОШЕНИ КОЛЕНА
Во четири наутро, кога другите луѓе се мртви,
јас од мртвите станувам
(нека им биде нежно копното)
Одам преку вода
до најгрубиот остров
Сама сум и заедно, како рибите
на белиот пулт од фабриката опкружена со море:
рибите што, очекувано,
смрдат како застојана вагина,
рибите што ништо не се осмелуваат да кажат,
зашто им ги кинам главите,
го сложувам месото во нежно масло,
го покривам со јазикот од конзервата
Залудно со
камиони ги праќам кон копното:
кога ќе се вратам, другите уште ќе бидат мртви
Одлучно ќе легнам на кревет,
ќе избројам колку вреди мојот ден:
педесет монети
Мали туни на нивниот грб
паѓаат, се прпелкаат, се грчат,
до утрото ништо нема да нè боли
Утре
ќе кинам глави, ќе кинам глави
Еден ден
глави ќе кинам