МАРАТОНКА
Болничкиот ѕид падна од рамената,
чаршафот падна од петиците
Ги заборавив нозете, матката и мислите,
куќите станаа полесни
Обесена за детското авионче на здивот, трчав
Враните ги огласуваа мините во полињата,
овде ножот го стигна вратот на некоја баба,
овде огнот го стигна детството во албумот,
овде сè стига
Јас бегав побрзо побрзо
Само во профилот на носот на натпреварувачот
што ме престигна на седмиот километар
се виде дека не верувам во целта,
и мракот почна да се крева од табаните
како водата во шишето да ја гони бубачката
Потрчав кон светлото на крајот од ноздрите,
се поткрена лентата од работ на патот,
слаткиот крвав асфалт легна во уста,
а хартиениот пат на грбот се свитка
во куќичка од полжав Тело, лигаво,
беспомошно како јазик, промрморе:
бол