Кет Пауер: Блузот на Чен Маршал

/, Звук, Блесок бр. 103-104/Кет Пауер: Блузот на Чен Маршал

Кет Пауер: Блузот на Чен Маршал

Успори ги сликите
Додај бои
Заборави ги клучевите
Вклучи го радиото

Кажи ми, дали е вистина дека твоето уметничко име нема никаква врска со мачките? Дали е тоа крвта на Чироки Индијанците во твоите вени? Дали сега, кога веќе не сме деца и кога сме родители на деца, најде начин да го скротиш неспокојот… Дали конечно си слободна и уште колку чекори има до Њујорк?

А сега те поздравувам, Мачко. Успори ги сликите, додај нови бои, истопи ги клучевите. Јас ќе го привршам ова писмо кое таа ќе го искине. Њујорк мора да е убав додека доаѓа есента.

Есента е поезија и се согласувам на она што инаку не го правам. Го пуштам радиото. Ама само затоа што знам чиј глас таму ќе ме дочека. Да се прешалтаме сега сите на истите бранови, да се најдеме. Во градот на вечното лето ќе се обидам да ја преминам улицата и да ја најдам есента. Тоа ќе биде есен на некој сосема друг град.

https://youtu.be/uEApf_FT25M

2018-08-21T17:20:39+00:00 декември 21st, 2015|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 103-104|