ОПАсни врски: Што, кога, каде, како, кому и колку чини?

/, Галерија, Блесок бр. 119/ОПАсни врски: Што, кога, каде, како, кому и колку чини?

ОПАсни врски: Што, кога, каде, како, кому и колку чини?

ОПАсни врски: Што, кога, каде, како, кому и колку чини?


Сепак, речиси без размислување, со Јехона одлучивме да ја зачуваме кутијата недопрена, и да ги задржиме „обезвреднетите“ банкноти.[12] Но тоа не е ниту поради „естескиот/колекционерскиот аспект на ова дело“, ниту пак постоеше дилема да се замени поради неговата потенцијална „утилитарна функција“, туку можеби најважниот момент – дека во себе ја содржи дилемата, предизвикот, условот кој се темели на сериозно промислување и проценка што, кога, каде, како и кому му се дава ваквиот подарок – како еден обичен предмет кој поминал низ неопходната творечка трансформација/преобразба во активен елемент/двигател на дискусијата за отворените прашања за улогата на уметноста денес, можеби најнеизвесниот и најсложен период за промислување откако постои модерниот концепт за уметноста и за политичкото како регулатор на приватното и јавното.

Објектот преместен/поместен: Кому му е гајле дали е уметничко дело, ако е важно?

Која е разликата помеѓу овие банкноти и сите останати што ќе бидат зачувани во колекциите на бројни колекционери нотафилисти, како и сите досегашни кои се вон употреба и се појавуваат на бројни аукциски портали онлјан и антикварници офлајн? Кое е нивното место и какво поврзување прави овој гест? Што се отвора во полето на интерпретација со чинот кој се темели на една клучна одлука, неговата реализација и објава?
И како што во колекционерскиот свет обично делата својот идентитет го добиваат според авторот, како некаков магиски остаток, материјализација на творечката мисла и жар, архаични концепции кои не случајно делуваат современо во пост-уметничката, контра-конзумерска епоха, така и оваа „ОПА“, парадоксално си го најде местото меѓу другите ОПА во нашата скромна колекција – нетипична антиколекција која е траен потсетник за уметничката продукција, контекстот во кој е создавана и бројните прашања и дилеми кои се секојдневие во нашите релации.[13] За да биде уште попарадоксално, важно е да се нагласи дека практиките на ОПА се контекстуални, не-колектибилни и затоа се ефемерни или дистрибуирани во повеќе примероци (мултипликати), бидејќи поаѓаат од позициајта дека уметноста треба да припаѓа и да биде достапна до сите.[14]

За односот приватно/јавно

Една од дефинициите за политиката е регулирањето на односот и границата помеѓу јавното и приватното. Новата ситуација дефинирана од развојот на дигиталните технологии и медиумите, сериозно го усложнуваат овој однос. За комплицираниот однос пак, на слободата и одговорноста, често се потсетувам на реклузивниот став што го имал ирскиот драмски писател Семјуел Бекет.


12. Не само што не би го замениле објектот/гестот/подарокот/провокацијата и неговата вредност за 5.000 ден., туку, како што веќе кажав во една приватна преписка, „не би го менувале ниту за две вакви правосмукалки“ (со слика од делото на Џеф Кунс – Jeff Koons, New Shelton Wet/Dry Doubledecker, 1981, MoMA).
13. Мини-колекцијата од дела на ОПА ги вклучува: календарот од проектот„Уште еден фрустриран уметник“ (One More Frustrated Artist, 2009-2011), „Објава“ (Announcement, 2011), во весникот „Нова Македонија“ бр.22323; 6.7.2011; потоа едно од придружните дизајн-решенија за Solution (2012), и публикацијата за „Проект кој не е проект“ (Project which is not a Project, 2012).
14. In the Ocean, dir. Frank Scheffer (Allegri film & NPS, 2000).

АвторВладимир Јанчевски
ПреводВладимир Јанчевски
2018-09-25T09:27:28+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 119|