Голем формат II, Музеј на современата уметност – Скопје, мај – јуни, 2021

/, Галерија, Блесок бр. 137/Голем формат II, Музеј на современата уметност – Скопје, мај – јуни, 2021

Голем формат II, Музеј на современата уметност – Скопје, мај – јуни, 2021

Симон Шемов, Траги, комбинирана теника, 1985, 625х495 см (лево)

Могенс Андерсен, Мај, масло на платно, 1965, 195х260 см 1965 (десно)

Елизабета Аврамовска, Homo sapiens-homo narcissus, 1999 (инсталацијата на подот, со авионите)

Бернхард Гарберт, Вавилонски шатор – Уметност/оружје, боја на транспарентна најлонска фолија, 2000, 400х360 см (во позaдина на прозорот ARM-ART)

Жанета Вангели, Ангел, акрилик на хартија и платно, 1986, 250х200 см

(слика на ѕид)

Петар Хаџи Бошков, Дијалог, полиестер во боја, 1978, варијабилни димензии

Исмет Рамиќевиќ, Билјана платно белеше, весници, 2001, 1100х250х2 см

На изложбата се претставени дела од 9 автори со уметнички дела во голем формат (слики, инсталации и скулптури). Селекцијата на дела од колекцијата на МСУ ја направи кустосот Благоја Варошанец. Во третата изложбена галерија од Музејот изложени се дела од Могенс Андерсен, Елизабета Аврамовска, Жанета Вангели, Бернхард Гарберт, Рене Дивије, Исмет Рамиќевиќ, Петар Хаџи Бошков, Анџело Титонел и Симон Шемов.

Голем формат II е изложба на дела од колекцијата, од македонски и странски автори, која се однесува на односот на уметничкото дело во релација со архитектонскиот простор и набљудувачот.

„Како го перципираме форматот во уметноста? Огромен пластичен сладолед, огромни кучиња од бaлони, долги ролни од насликани платна или едноставно зголемени фото-портрети насликани на згради низ целиот свет се некои од примерите, каде димензијата во изразот е доминантен елемент во естетиката на уметничките дела. Форматот се однесува на големината на објектот во однос на друг објект, и не ретко може да биде еден од принципите на организација на визуелните и структурните елементи во уметноста. Форматот во уметноста не се однесува само на големината на уметничкото дело, туку е релационен принцип за односот кон предметите или односот кон човечкото тело. Релациската естетика стои во основата на уметничко дело, а корпореалноста или просторната компонента може да се сметаат како мерки кои го дефинираат или се во сооднос со големината или перцепцијата на делото“ – Благоја Варошанец.

2021-06-02T19:52:57+00:00 мај 31st, 2021|Categories: Изложба, Галерија, Блесок бр. 137|