ПОПЛАДНЕВНО КАПЕЊЕ В МОРЕ
Леопардова кожа распната на морското дно
со подвижни шари: мрежа
во која лежам правејќи успани потези
на несмасен сонувач
што се протега во својот светлосен кафез.
Кикиришката на бранот – венец од винова лоза
вра нечија глава. Долу е оној што врз леопардот јава.
Котелец врз котелец се нижат: везба
што ниту се заплеткува ниту се расплеткува
туку само се повторува
никогаш иста. Каде е влезот во палатата, каде е пристап?
Сопругата на оној што од остров до остров плови
ги замајува своите стројници
врзувајќи ги јазлите од свилен конец
помеѓу сонцето и подводниот песок.
Во морето сите приказни ги имаат своите двојници.
Мозаик: изобилство од плодови
но од измамничко стакло. Штом ќе се доближам
до цврстата слика некој ја растура од пакост.
Низ сето тоа светкава сончева игла
ме пронижува; се раздвижувам
но сфаќам дека сум зацврстен за плочата на морето
како пеперуга: не можам да избегам
од искушенијата на прелажните слики.
Сите сетила ми се маѓосани од совпаѓања.
А мојата сенка
згрчена како фетус плови
во водната утроба
како пред уште едно од повторните раѓања.