ОГЛЕДАЛА
Не сакам огледала
тие го чуваат засекогаш ова што сакаме
да го заборавиме
во своето сеќавање ги забележуваат гестикулациите,
мимиките,
рамнодушните кревања на рамениците, солзите
наметливо нѐ потсетуваат на бакнежите
на нечија дланка врз гола града
коса искината од галежи
огледалата се како дневници
тие го чуваат минатото во заматено стакло