адолфина, паулина, марие и роза
– сал една би била вишок во драмата на чехов
а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд
отла и кажува на адолфина
дека ги довеле во логорот воп терезин
и дека е најдобро тука да останат што подолго
отла и кажува на адолфина
дека храната е еднолична, катаден супа од леќа
а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка
адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка
мачејќи со во шеширот да му ја смести ергенската несреќа
– во бараката на трудниците несреќата има друго име
во предвечерјето на смртта
и без месечина јасно се гледа
дека црното млеко не е поетска измислица
под црно сонце во црна темница
четирите сестри на зигмунд фројд
спокојно го чекаат црниот воз кон невратот
рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд
како нервозно се тртка лево-десно на перонот
пред да си ја испрска свест во ѓолчето од сестрински солзи.