Враќање на изгонетиот

/, Блесок бр. 13/Враќање на изгонетиот

Враќање на изгонетиот

Враќање на изгонетиот
Градот на последни нешта
Куќата на Витгенштајн
Студија на Фројд
Во чест на Свети Кирил
Јазикот на ангели

На фотографија од Енглеман, очевидна е
таа gemütlichkeit2F
на Стариот Свет: Виена, 1938:
кадифенопокриен стол и
персиски ќилим,
фамозниот кауч со
перничиња. И ситното
огледалце што гледало на дрвјата…
како да му требала
сигурност за преживување,
додека слушал? Прободен од
климактерично време, злото
преминувало секаква штама. И може да
се види
уште: свастика исчкртана над прагот
вон од
рамката на фотоапаратот. Тука човеков
заличил на своите најдобри опсесии;
живеел и побегнал.
По една година ќе биде
мртов. Неговите ракотворби
и семејството преселени во Лондон, но
на сестрите
– Долфи, Мици, Роза, Паули – им е
пресудено во логор. Не
останало многу. Што е животот освен
руните му отсутни?

9, Бергасе 19, Виена

#b

1. Истиот збор, the study, на англиски значи и работна соба.
2. Германски: добродушност.

АвторП.Х. Лиота
2018-08-21T17:22:05+00:00 март 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 13|