Испразнета од суштина, мрачната улица
дотечува
до оваа адреса и сликава единствена.
Среде своето патување
патникот си изгледа
вџашен од само-одразот: бронзениот
лик врз излитената плакета од
историја.
Замисли си го јазикот како
облик на живот:
со некое друго име, а одвај
волку слатко, една
единствена роза зрее на скапана лоза.
Двајцата светци,
Кирил и Методиј, чуваат
стража вон куќата
што станала Бугарски Културен
Институт.
Стражари или семиотичари?
Кој би знаел…
Внатре собите се пусти,
ѕидовите се празни,
како сетните мисли на
филозофот, што не можат
и не би можеле да се изговорат. Овој
збор. Збор. Сите тие
почиваат во штама. Сето тоа е
прашањето.
nbsp; 3, Паркгасе 18, Виена