Виртуелен парк

/, Блесок бр. 44/Виртуелен парк

Виртуелен парк

Пријателот
Виртуелен парк
Премногу болно е тоа за мене
Линијата е закон
Тешка одлука
Среќен ден
Темјанушка
Девојката од билбордот
Си се запрашал ли некогаш зошто?! Преостанато време 0.01 сек.

Го најдов во душевната болница. Спиеше
на креветот меѓу голите изгребани ѕидови
облечен во јакна, сосе патики, запуштен,
неискапен со денови, брадосан во лицето.

Го разбудив. Излеговме во ходникот.
Ова е мојот другар – рече со радост во гласот.
Мојот другар дошол да ме види.

Се раздвижи масата зад решетките, испиени,
безживотни, со темни лица, бараа цигара,
бараа 10 денари, прашуваа да не сум од полиција.

Излеговме во дворот. Му купив бурек и јогурт
и седнавме на клупата под голото небо.

„Да бевме во Канада сега пред нас ќе имаше езерце,
ќе пливаа пајки, околу нас трева, зеленило, цвеќе.
А овде уште првиот ден болничарите ме претепаа
на мртво, другите лудаци ми ги зедоа сите пари.

Знаеш, така е тоа, кога ќе се измрда човек
исто како да ја загубил шаховската табла,
а сите фигури и понатаму ги има на број“.

2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|