ЖЕНАТА ШТО ПРВПАТ ЛЕТА
Температурата на телото ми беше прениска,
посматрав како кожата се троши и паѓа,
под снегот исчезнуваа чергите
Остриците од моите книги, моите лонци и капаци,
сè сложно да ме премолчи
Сепак со незаштитени мускули
пробив пат до најблискиот авион,
седнав, изедов забиберен кекс, и реков:
мејџор том, мејџор том, дали си уште горе?
Тогаш
сетив дека сеќавањата опасно се забрзуваат,
и баш кога се чинеше дека ќе пукне од ѕидот,
се одлепија, изгубија тежина
Во воздухот, чекав колата пак да ја допре почвата,
како што враната чека гумите од колата
да ја згмечат лушпата од оревот и да го откријат
нејзиниот недопрен гол мозок