ФРИЗЕРКАТА ШТО СЕ УДАВИ
Сите што денес сакаат фризура
си ја добија својата родена коса
од купот во Аушвиц
Премногу ја допирав, прстите ми
научија да пишуваат само смрт:
копчето на будилникот беше смрт,
копчето на тостерот беше смрт,
сите копчиња во морето копчиња –
и тогаш морето во седум наутро
дојде
и јас ги подадов рацете
и светот бргу и засекогаш
се вкочани од страв