ПРОСЈАКОТ ШТО НАЛИКУВА НА ЦРН МАЧОР
Секој збор што ѝ го упатив
го направи градот малку поголем и поопасен
Жената со куфер пред киоскот
во кој има мртви кокошки под ајварот
погледна во мракот помеѓу телото и хотелот
и фаровите ѝ ги направија очите
очи на затечена ѕверка,
од кои нешто студено и тврдо
брзо бучно падна на дланка:
ќе ми бидат ли доволни две парички?
Ја сакам рамнодушноста на луѓето,
зашто сакам кога вистината е близу
Во киоскот на готвачот му недостасува месо
па отсекува од својот стомак и фрла на скара,
а паричникот во нејзините раце одеднаш се
отвора кон мене,
црн од заштедена крв како срцето
што месарот му го подметнува на старецот,
ама не сум ни слеп ни заборавен:
тоа што го нарекувам живот често е
само начин да преживееме