Project Description
Петер Зилахи е роден 1970 во Будимпешта. Неговата проза и поезија се преведени на многу јазици. Во своите дела често ги користи фотографијата, интерактивните медиуми и изведувачките уметности. Неговата збирка поезија Статуа под бел чаршаф готова да скокне е објавена во 1993. неговиот роман-речник Последната прозорска жирафа е објавен во 1998 и досега е преведен на 11 јазици. Со својот мултимедијален CD-ROM настапил во 20 земји ширум светот. Во 2002, Лудвиг музејот во Будимпешта постави изложба со неговите избрани дела.
Повеќе информации: www.zilahy.net