Мирт Комел

/Мирт Комел
Мирт Комел 2018-08-21T17:18:01+00:00

Project Description

Мирт Комел е роден во Шемпетер, Горица, а сега живее, работи и пишува на релација Нова Горица, Љубљана и Сараево. Студирал на Факултетот за социологија, Факултетот за уметност и Институтот за мир во Љубљана. Од 2005 год. е истражувачки асистент во Институтот за мир во Љубљана, автор на монографија за допирот на словенските јазици („Обид за допир“), автор е на неколку статии од областа на социологијата и хуманистичките науки во словенечките весници, како и неколку статии на англиски, италијански и босански јазик. Ко- основач и активен член на Клуб на млади словенечки писатели. Објавувал песни, кратки новели, драми и неколку литературни критики во главните словенечки и босански литературни списанија „Апокалипса“, „Остров“, „Сараевски тетратки“, уредник е на антологијата на млади словенечки писатели „Зборник на младинскиот клуб ДСП“, во 2006 год ги публикува своите драми со наслов „Мес(т)не драме“ (преведено или „Градски драми “ или „Месни драми“), колекцијата од три драми „Српена месечина“, „Елисејски полиња“ , „Неподнослива софа“, во 2008 год „Падот на Луцифер“ драмска поема во 10 чина. Во 2009 год го објавува литературно- филозофските патописи „Сараевски дневник“.

Related Articles