Марија Донева

/Марија Донева
Марија Донева 2018-08-21T17:18:20+00:00

Project Description

Марија Донева е родена на 03.09.1974 година во Стара Загора, Бугарија. Завршила бугарска филологија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски”. Автор е на неколку книги поезија и тоа; Очи за убавината, Збогум на читателот, Страшно е, Намамување на смислата, Меко сонце, Продавница за обли камчиња, Перце од пареа и на книгата стихови за деца Зајакот и неговата мечта. Во 2005 година на македонски ѝ е објавена стихозбирката Празнината меѓу нас. Во 1996 и 1997 година учесник е на манифестациите Млада Струга и СВП. Живее и работи во Стара Загора.

Related Articles