Спроти куќата на Спиноза

/, Блесок бр. 99/Спроти куќата на Спиноза

Спроти куќата на Спиноза

Спроти куќата на Спиноза
Дете на судбината
Хиџра "92.
Рамонси на ѕидот на спалната за Мајда
Педесеттите По Адам Загајевски

значи, тие денови страшно
се настрвија на нашите.
На Хасан пред очи му го убија малиот,
кога го донесоа во логорот да го препознае.

но јас најмногу им се замерив
оти бев лекар беќар со специјализација
од странство, старите ми работеа во Германија,
и имав три мотора: Јамаха ДТ175, Лаверда 750С

и оној стариот Зундап со приколка, „Швабата“.
но, штом автобусот застана кај капијата,
ми беше јасно дека ако ја минам пријавницата
со стражарите – за мене веќе нема живот!

за некои други можеби и да, ама за мене,
нема теорија! затоа го почекав крајот на редот и застанав
од другата страна на автобусот како да врзувам врвка.
и кога видов дека и последниот човек влегува внатре

и зад него се затвора железната
врата, полека се исправив
и со рацете во џебовите на кожената
пилотска јакна Аирекс продолжив право по патот.

паметам како да е денеска,
дури и ја свиркав да не ме фатат
онаа мелодија на Денис и Денис,
„Програмата на твојот компјутер“!

Господ знае од кај ми дојде,
оти јас од домашните најмногу ги сакав
Атомско склониште
и оној нивен пејач
инвалид, оти некако ми делуваа – чесно.

одев така некое време
лесен како пердув, иако во секој чекор
имав по два тона, а потоа на првата кривина – трк
во пченката! и таму веројатно

минав некои пет дена. што јадев?
кора од дрвјата, како партизаните!
ха, ха, само што никаде немаше ниедно стебло,
а камоли партизани.

едно утро излазив
и треснав на асфалтот и за среќа
ме собраа некои меѓународни хуманитарци.
па после правец Загреб! via Zagabria!

а таму полни шалтери и врне истура,
и така цели седум дена. ама да скратам,
моторите никогаш не ги најдоа. еден остана кај тета
в гаража, а другите два уште гнијат до плевната покриени со церада.

2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 99|