Пластење на жолтилото

/, Блесок бр. 33/Пластење на жолтилото

Пластење на жолтилото

Што ми рече ти
Графика на стаклото од прозорецот
Срндакот во сон
Пластење на жолтилото
Твоите очи

о боже како е испластено жолтилото
во оваа моја соба без излезната врата
неизбежните прозорци се жолти
фотелјите килимите ѕидовите
мојата стара машина за пишување
и нејзиниот звук
еве и сонцето што ги прелива
моите прозорци
и тоа е жолто
и моето лице
и мојата песна
и надежта
оти ќе ги видам цвеќињата
кога есента ги жолтее
планините и полињата

АвторЛиндита Ахмети
2018-08-21T17:21:41+00:00 август 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 33|