Пластење на жолтилото

/, Блесок бр. 33/Пластење на жолтилото

Пластење на жолтилото

Што ми рече ти
Графика на стаклото од прозорецот
Срндакот во сон
Пластење на жолтилото
Твоите очи

внатрешноста на мојата кула
е нацртана на стаклата на прозорците
од студот
во длабочините на зимската ноќ
извезена е
со нитки на ладно сребро
со бел отсјај
сега кога треба да се истури
еден прегрст утринска светлина
на моите прозорци
се гледаат безброј пупки
на симболи
дадаистички овошја без лисја
и без плодови
еден мал питач покриен со снег
на мостот
со смрзнат венец на ѕвезди
над главата
ја има испружено тенката рака
за милосрдие
не се гледа коса да ѕвечка студено
во воздухот
ни црната точка зад момчето
снег снег
а на рамнина паѓа и се тркала
зборот пролет
и волјата Господова

АвторЛиндита Ахмети
2018-08-21T17:21:41+00:00 август 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 33|