„Каналот Мусолини“ на Антонио Пенаки – ведар поглед на мрачните периоди кои ги има во историјата на секој народ

/, Литература, Блесок бр. 117/„Каналот Мусолини“ на Антонио Пенаки – ведар поглед на мрачните периоди кои ги има во историјата на секој народ

„Каналот Мусолини“ на Антонио Пенаки – ведар поглед на мрачните периоди кои ги има во историјата на секој народ

„Каналот Мусолини“ на Антонио Пенаки – ведар поглед на мрачните периоди кои ги има во историјата на секој народ


Перуци како главна идеологија го прифаќаат и го носат во својот бит патријархатот и неговите строги морални начела, колку да прозвучуваат комично сите недоследности во нивната примена во секојдневниот живот, филозофија на животот својствена на обичниот човек. Тие начела сепак најстрого се применуваат кога е загрозено семејството, како во случајот кога снаат Армида која го губи мажот Перикле, го починува непростливиот грев на прељуба со внукот Парис, една трагична Елена која доведува до пад на семејната Троја на Перуци. Таа е протерана од семејството кое ја испраќа во егзил без своите деца, при што се воведува табу за неспомнување на тој срамен чин во време на војната, тајна погребана во длабочините на семејната историја. Меѓутоа, како и секоја тајна, таа им се разоткрива на читателите на крајот од романот кога дознаваме дека нараторот е токму тоа дете на Армида и Парис, Дон Перикле Перуци, кој во меѓувреме станал свештеник и угледен член на општеството. Тој е продукт на целокупната историја на семејството е воедно и симбол на фасадата на угледност, но и на компромисот на поствоена Италија која под черга ги има ставено сите свои тајни, табуа и противречности кои само го чекаат погодниот историски момент за да доведат до нова поделби.

Сето богатство, жар и комплексност вткаени во страниците на романот нема да можеа да бидат соодветно доживеани, ако не беше успешниот превод на Ирина Талевска која ја нашла добитната формула како да го пренесе духот на делото на еден питок, игрив и живописен јазик, та лесно може да замислите дека целиот заплет се случува во некое наше Мариово.
„Каналот Мусолини“ е роман од кој може многу да научиме за италијанската историја, но и како да пристапиме кон проблематичните теми и прашања во историјата, нешто што е неопходно за дебатата во нашето општество и историска наука. Но, дури и да не ве интересира историјата, сигурен сум дека ќе ве освои духот на времето отсликано во романот, духот на една патријархална заедница и на народ кој е многу близок до нас по искуство, менталитет, дух, хумор и инает. „Каналот Мусолини“ на Антонио Пенаки ги заслужува сите награди кои ги има добиено, но секако и вашето внимание и време.

2018-09-25T12:55:12+00:00 јануари 3rd, 2018|Categories: Критика, Литература, Блесок бр. 117|