ТОЈ ДА ГО ЧУВАШ, БЕ ЛЕПОТИЦЕ!

/, Литература, Блесок бр. 107/ТОЈ ДА ГО ЧУВАШ, БЕ ЛЕПОТИЦЕ!

ТОЈ ДА ГО ЧУВАШ, БЕ ЛЕПОТИЦЕ!

ТОЈ ДА ГО ЧУВАШ, БЕ ЛЕПОТИЦЕ!


Иако секогаш е тешко да се откријат и да се анализираат сите причини зошто еден производ на популарната култура е попопуларен (или поуспешен) од друг, има неколку елементи кои вредат да се споменат кога се работи за Дарко Лешоски. Од една страна, може да се каже дека, во голем степен, популарноста на неговата поезија се должи на фактот дека се чини како целосно различна од поезијата (заситена со академизам) која се пишувала и промовирала претходно. Напишана на урбан, скоро уличен сленг, лишена од лингвистички или морален пуританизам, исполнета со алузии на други жанрови или производи на популарната култура, како филмови или музика,6F таа е поблиска до обичната, поширока публика од често арогантно дистанцираните и апстрактни стихови на етаблираните и канонизирани поети (или оние кои се стремат да бидат канонизирани). Меѓутоа, и покрај оваа претпоставена (или припришана) оригиналност и уникатност, поезијата на Лешоски (и неговиот севкупен имиџ зад неа) имаат и неколку карактеристики кои се добро познати во теоријата на популарната култура и сочинуваат некои од основните состојки за секој успешен производ на популарната култура (или: оној кој може лесно и масовно да се продава). Една од тие карактеристики е она што теоретичатите на популарната култура како Фиск и Хартли (Fiske and Hartley) го нарекле „бардовска“ функција, или фактот дека оваа поезија комуницира со „скоро секого во културата со тоа што зависи од востановен репертоар на основни приказни и други уметнички шаблони на начин кој е аналоген на користењето на епските формули и добро познатата митологија од страна на традиционалните бардови“ (Gawelti: 2006, 267). Овој елемент на фамилијаризација, или варијации на истите основни приказни се гледа и во нејзината сериска природа, бидејќи таа е напишана во „форма на серија, како наратив во продолженија или како серија варијации на еден основен шаблон…“ (Ibid, 267). Во оваа смисла, стиховите на Лешоски навистина се една серија на варијации за познатата (романтизирана) тема на „убавото лошо момче со златно срце“, неприлагодениот, оној кој постојано копнее по љубов, тоне во длабочините на очајот и се крева во височините на еуфоријата.7F Љубовните маки се читаат во стихови како: „Остај ме! / Те оставам! / Јас сум дете од лоша фамилија. / Ти го пишувам писмово. / Утре ќе ти го пратам по пошта.

Од кога не си добила писмо?“ и во: „ми фалиш најмногу рано наутро и касно навечер / ми фалиш да го пополниш местово-вселената, тишината, далечината меѓу Бога и мене / ми фалиш утрово … / а ќе ми фалиш и ноќва во истиов кревет“.

#b
1. Овие карактеристики го потврдуваат еден од најпопуларните митови за популарната култура, „оној за нејзината лесна пристапност, народност, за нејзината блискост со ’популарниот’ вкус и со масовната публика…“ (Атанасова, 2012: 124).
2. Овие скоро неразбирливи зборови се вклучени во поговорот на една збирка поезија која содржи стихови како: „Мојата ветена слика / На ветрот самува / За радоста на детството / Крај реката без притоки“ или „Поетот со мермерна глава / Нѐ гледа од далеку / Нѐ гледа подисплашено / И тивко ни вели: / Откопајте ја градината подземна / Сенката моја со глас молбен / Добро утро ќе ви каже / И збогум веќе нема да има“.
3. Додека консументите на поезијата на Лешоски можеби се чинат виртуелни на Фејсбук, тие се и „вистински луѓе“ кои се појавија во дотогаш невиден број на промоцијата на неговата (испечатена и објавена) збирка поезија која го следеше неговиот успех на Интернет. (http://sarma.mk/vesti/kultura/26418/fenomenot-leshoski-ja-ozhivea-poezijata/).
4. Како и во реалните шоуа, градењето и презентацијата на имиџот на поетот, т.е. Факторот на ѕвезда, има значителна улога во овој случај. „Парадигмата на привлечноста, или причината зошто публиката се идентификува со еден човек веќе не се базира на mythos (епика, мистерија), ниту на logos (програма), туку на имиџ (афекти и фантазии)“ (Kukić, 2012: 211). Тоа исто така се поврзува и со начините на кои дејствуваат новите медиуми во времето „кога она што е битно е имиџот, појавата, и кога се инсистира на успехот што треба да се оствари сега, веднаш” (Ibid, 215).
5. http://sarma.mk/vesti/kultura/26418/fenomenot-leshoski-ja-ozhivea-poezijata.
6. Како што може да се види во стиховите како: „Ми фалиш како во желудник киселина. / Ми фалиш како објект за истурање лутина./ Ми фалиш како блиска. / Ми фалиш со твоето : Аман уште ли во кафана? / Ми фалиш што немам кому да кажам: аман мори!… Ми фалиш / ноќва / еве веќе утро / ми фалиш утрово нек си ебе“, или во стиховите како: „Чувај го оној што слуша весел и плиток турбо фолк и го чита Неруда, Шопенхауер и Тагоре пред спиење. / Чувај го оној што ќе ти ги кажува девојките од претходната ноќ кога бил излезен со другари дека му се пуштиле. / Чувај го оној што те сака и заради цицките и заради очите. / Чувај го оној што и ти го сакаш заради неговиот тврд газ и лудилото кое му шиба ко токиско метро во мислите“.
7. Ваквиот имиџ (младич со проблематично минато, наизглед лош, но емотивно ранлив) историски се поврзува со многу икони на популарната култура, како Џејмс Дин, Џим Морисон, а во поскоро време и Курт Кобејн.

2018-12-17T12:51:53+00:00 мај 31st, 2016|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 107|