Постојат денови кога сонцето не сака да нѐ разбуди. Капаците се тешки како да ги чуваат прозорците на старите згради таму каде што ноќите траат само неколку саати. Ако капаците се подигнат, погледите би можеле да ја изгорат вселената. Експлодираат ѕвездите на моментот додека приказната ги добива своите конечни облици, кога зборовите стануваат одвишни, а мелодиите се самоуништуваат.
Австралијците сакаат да пишуваат со тишина во мислите, рекол Стандиш. Devastations се занимавање со тишината – додаде Хауард и продолжи – Дупки; доволно големи и толку празни да ги исполнат Гранд Кањон. Тишина и како ќе ја исполниш. А со што ќе ја наполниш, и кога? А одговорот на тој последен дел на загатката е песна. И песната е делот во кој настапуваат Devastations.
О, Австралијо, се сеќаваш ли на Роланд С. Хауард и на сите негови фронтови? Boys Next Door, Birthday Party, Bad Seeds, Crime and the City Solution. Lydia Lunch https://youtu.be/bBdK7PZSCxw, каков ли е во твоето сеќавање? Австралијо, ти благодарам за него и за дингото, ти благодарам за Devastations и за Абориџините. Сите тие некогаш биле воини.