DEVASTATIONS: Сите еднаш бевме воини!

/, Звук, Блесок бр. 101-102/DEVASTATIONS: Сите еднаш бевме воини!

DEVASTATIONS: Сите еднаш бевме воини!

Берлин
ONCE THEY WERE WARRIORS
Грешки
Мајстори на тишината

Никогаш не сум бил во Австралија. Првата асоцијација на неа ми е филмот Proposition. Лажам, Ник Кејв ми е првата асоцијација, додека тој филм од фабриката, на сега веќе целоживотните соработници, режисерот Џон Хилкоут и незаобиколниот Кејв, е на второ место. Кога ќе помислам на Австралија, се сеќавам и на Нов Зеланд и на генијалниот филм, Once Were Warriors, за кој мислам дека повторно ќе го гледам кога ќе го завршам овој текст.
За Devastations знам по нешто. Три другари – Том Карлјон, Хуго Кран, Конрад Стандиш, започнаа да работата во нова формација и се преселија во Берлин, по што нивниот поранешен бенд, Luxedo, се упокои. По три албуми, останаа двајца другари, ама не и Devastations. Стандиш/Карлјон се преселија во Лондон и таму го снимија албумот Deleted Scenes. Понатаму ќе претпоставувам. Еден по еден се распрснуваат, од Мелбурн до Берлин, од Лондон до Мелбурн, секој на своја страна и секој за себе.
Оваа приказна и не ми е толку туѓа. Јасно ми дека во сѐ што нѐ допира се внесуваме себеси и така ја дисторзираме стварноста со доживувањето. Дури и тогаш кога сме сигурни во сопствената објективност. Некогаш тоа е добро, некогаш не е. Затоа велат дека не постои само една вистина. Макар што за една вистина никогаш нема да престанам да се борам. Не одземајќи им го ни најмалку на аглите правото да гледаат на работите.

Previous Crimes

2018-08-21T17:20:40+00:00 ноември 12th, 2015|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 101-102|