ПРЕД ДА ГИ ЗАТВОРИШ ОЧИТЕ: ТИНДЕРСТИКС

/, Звук, Блесок бр. 107/ПРЕД ДА ГИ ЗАТВОРИШ ОЧИТЕ: ТИНДЕРСТИКС

ПРЕД ДА ГИ ЗАТВОРИШ ОЧИТЕ: ТИНДЕРСТИКС

СОНУВАЧИ ВО ЧЕКАЛНИЦАТА
ВОЗЕЊЕ
СТРАСТ И ЉУБОМОРА
ЉУБОВ?
ДУЕТ СМИСЛЕН НА НЕБЕСАТА

Она што следува е мотел крај патот или хотел во центарот на непознат град. Во самотијата или без неа. Со Тиндерстикс сите опции се во игра. И неподносливиот живот како категоријата која е тешко, но не и невозможно да се победи, и безгрижните ноќи без помисла на она што следува.

Филмовите нема да нѐ научат ништо. Испреплетените тела се само анестетици на моментот. Можеме и да затанцуваме – можеби ќе се оттанцуваме до крајот! – за да можеме да почнеме нешто ново. Некои делови на раните албуми на Тиндерстикс се како сол на рана за оние кои преропочитаат да одат на дното да се испокршат, па потоа испливуваат засекогаш ослободени од агонијата на немоќта, изменети од своите искуства, воглавно горди на лузните кои остануваат зад едвај преживеаните авантури на срцето.

Jism
е една од тие песни. Преживеј го она што е ошишано во неа и препушти му се на заборавот. Уништи го минатото, гради од почеток, спознај ја разорната страна на љубовта, онаа која осакатува, извлечи се од тоа, побарај го она преостанатото од својата душа, и нека ти прости.

И престани да се прашуваш каде е некој и што прави. Веќе не е твоја работа. Боите се разлеале, никаков одговор не носи мир. Јасно раздели ја страста од алчноста и не дозволувај да те уништи презирот. Нема вистина која ќе те ослободи, само виолините во агонија и тишината која би да стане врисок. Ретки се моментите кога се презирам, а кога сум љубоморен тоа секогаш со правам.

Jism

2018-08-21T17:20:37+00:00 мај 31st, 2016|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 107|