ПРЕД ДА ГИ ЗАТВОРИШ ОЧИТЕ: ТИНДЕРСТИКС

/, Звук, Блесок бр. 107/ПРЕД ДА ГИ ЗАТВОРИШ ОЧИТЕ: ТИНДЕРСТИКС

ПРЕД ДА ГИ ЗАТВОРИШ ОЧИТЕ: ТИНДЕРСТИКС

СОНУВАЧИ ВО ЧЕКАЛНИЦАТА
ВОЗЕЊЕ
СТРАСТ И ЉУБОМОРА
ЉУБОВ?
ДУЕТ СМИСЛЕН НА НЕБЕСАТА

Обожувам прошетки. Долги бескрајни прошетки во непознатото, до безвремето, кога саатовите ќе се истопат, а годишните времиња ќе се измешаат со деловите на денот. Кога мракот ќе стигне без никаква најава. Кога едноставно ќе се најдеш во него. Во еден миг сонцето ти е на лицето, а веќе во следниот си опколен со мрак.

Дневни и ноќни прошетки. И оние утринските кои ги бистрат мислите. Тие се терапија против неподносливоста. Тоа се свети прошетки. Од асфалтот до правливиот пат со земја која останува во чевлите. За возврат, земјата го презема мракот од тебе. Очајот се лепи во воздухот, а музиката во ушите е единствентото средство за смирување кое дејствува. Омилената книга под мишка или в џеб. Можеби и в рака.

Стуарт А. Стејплс со Сузан Озборн ја објави книгата Singing Skies. Во неа има седумдесет и пет песни на Тиндерстикс. Поезија која самата за себе функционира без грешка. Песните се исчукани на машина на пишување и небото како масло на платно Сузан го сликала секој ден цела една година. Singing Skies треба како артефакт секогаш да се носи со себе на прошетките за кои не знаеш каде ќе те однесат. Тоа може да стане правило.

Another Night In

2018-08-21T17:20:37+00:00 мај 31st, 2016|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 107|