Темен коњ лежи над планината

/, Блесок бр. 08/Темен коњ лежи над планината

Темен коњ лежи над планината

Ги проверувам последните ракописи
Полноќ. Мртва точка
Мртвачница во неа
Ноќта е црна Liebe Marija
Темен коњ лежи над планините
Тоа што го имаме во нас
Тежина
Неподвижни работи

И јас, еден од нив
Во оваа мрачна соба:

Дишам. Студенилото
Се слева во мојот леш:

Ме мијат. Вклештените
Дланки држат неколку светли

Зрака: Ја губам подршката
Во мојата душа –

Сакам да одлета:
Ја гледам.

АвторСлаве Ѓорѓо Димоски
2018-08-21T17:22:10+00:00 април 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 08|