Полноќ. Мртва точка.
Студен звук.
Подмолен одѕив. Сиот празен
И таинствен миг. Густо
Тесто. Смири се!
Задржи го тој краток здив
Што те штити додека
просторот се празни.
Но?!
Дали беше Ти
Пред тој збив
Или пак, по него
Ќе бидеш Ти!
Мртва точка. Густо тесто.