Вебстер, Малиган, Хокинс и ноќта што следи

/, Звук, Блесок бр. 116/Вебстер, Малиган, Хокинс и ноќта што следи

Вебстер, Малиган, Хокинс и ноќта што следи

Дневник од мостот
Неговата скица – Малиган го среќава Вебстер
Нејзината скица – Хокинс со Локџо Дејвис
Европска ноќна ластовица

Некој на мостот ќе го отсвири она што следува. Бен Вебстер, можеби… Тој би можел да го направи како што треба. Сè да прска од блискост, ама да не се удави со емоции. Да остане подносливо. Би можел да го направи тоа сè додека здивот не му исчезне во мелодијата, а шепотот се трансформира во возвишени тонови.

На мостот стои жена. На истото место, на тој мост, се случија многу оставања. Никогаш никој не утврди зошто. Случајно забележав, воден од сопственото искуство. А потоа почнав да бегам. Не ни трепнав, а бизарното хоби веќе стана сè што сум. Ги испраќав скршените срца кои заминуваа, доделувајќи им музика.

Не би имал ништо против мелодијата на ноќта да ја отсвири некој друг. Можеби Колман Хокинс. Ама никако Гери Малиган. Него го оставам за в зори. Секогаш и одново, за изгревот во кој и самите еднаш ќе се претвориме.

Vesna Pisarovic, With Suspicious Minds – I Feel So Bad

2018-08-21T17:20:34+00:00 октомври 21st, 2017|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 116|