Понекогаш ја сонувам и таа е и не е таа. Понекогаш ја гледам на улица и не знам дали сум ја видел.
Понекогаш со неа зборувам по телефон. Те љубам, и велам,
тоа и го велам речиси на секоја.
тууууу тууууу
и таа мене ме љуби.
Одвреме навреме ја менува бојата на косата. Нашминкана е и не е нашминкана.
Прва е и последна, моментно поранешна.
Во соништата трчаме некаде далеку во иднината и се преплетуваме, преплетуваме.
Премногу луѓе. Иднината е полна со луѓе,
сама самотија.
Не е онаа која ќе биде и никогаш не била. Љубовта е месо во главата
во устата љубовта е моја темна собичка на спомените љубовта
е секогаш дури и тогаш кога повеќе не е.