Порано

Порано

Порано
нешто: педесет и три
Љубов
Дневник на недните
Сите зборови на светот ми испарија од глава

Песна за спиењето,
расфрланиот товар на свеста,
трошки на шепнежот,
голи слики од боенки;

злокобно се клатиме во утре,
градовите бегаат крај нашите окна
(како сништа,
ласкави цигани).

Неколку зборови побегнаа: сонувачи,
кои живеат
крај ладни окна;

бубачки под
тешки камења;

мртви ракави на мали лакти,
што сум сакал да ги бакнувам.

Градовите дишат, кашлаат, плукаат,
летниот смог ги шири ноздрите на улиците,
зградите се топат, сите згради
на овој свет ги напуштија градовите.

Сите зборови на овој свет ми испарија од глава.

Песната за спиењето чека да се вратат;
соништата чекаат да се врати
мртвиот товар на свеста.

АвторЈуре Новак
2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|