Гравитацијата не знае
за милост,
љубовта секогаш
го привлекува оној
кој ги брише
отпечатоците
иако неговата дланка
ги оставила таму како знак,
ги збришува,
фаќа магла
кон брзите
дела за остварување
на копнежот, кога
сончевата маса
бара
сè, мене,
тебе, страста
која бега
зад твојот грб,
зад мојот грб,
а јас сум уште жив,
и го читам денот,
кој сјае од страницата,
го запишувам.