Од „Додека живеам“

/, Блесок бр. 57/Од „Додека живеам“

Од „Додека живеам“

I
II
III
V
VI
VII
VIII

Лесно е да се замине
без свртување,
без помнење

на детските зборови,
без поднесување
на смртта на другите,

без исползување од
’рѓосаниот метал наменет
да биде гроб, да се воздржиш

од мавтање кога
сандакот продолжува
по својот пат, празен,

кон вечната
изложба на згмечен
метал, кон

низите детски зборови.
Толку многу време
во складиштето,

таму никој не живее,
светлата мируваат
во кабините на камионите

но вратата не се
отвора, имаме толку
малку простор

за долго да живееме
истото продолжува
кога умираш.

АвторЈирки Киискинен
2018-08-21T17:21:14+00:00 декември 15th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 57|